УШТЕ ЕДЕН „БОИНГ 777“ ИТНО ПРИЗЕМЈЕН ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Пријавен дефект на патнички авион со 249 патници 

Инцидентот се случил само неколку дена откако авион на Јунајтед ерлајнс, исто така Боинг 777, кој полета од меѓународниот аеродром во Сан Франциско мораше принудно да слета во Лос Анџелес, откако остана без гуми.

208

Боинг 777 на Американ Ерлајнс со 249 патници принудно слетал на аеродромот во Лос Анџелес откако бил пријавен „механички проблем“. Авионот на летот АА 345 од Далас Форт Ворт бил итно приземјен во Лос Анџелес околу 20:45 часот по локално време.

Авионот и покрај дефектот успеал да се спуштил на пистата и сите патници и членови на екипажот веднаш биле евакуирани.






Ова е само последниот во серијата механички и безбедносни проблеми што ги засегаат авионите на Боинг. Портпаролот на Американ ерлајнс вели дека пилотот пријавил можен механички проблем пред слетувањето.

Нема извештаи за повредени. Инцидентот се случил само неколку дена откако авион на Јунајтед ерлајнс, исто така Боинг 777, кој полета од меѓународниот аеродром во Сан Франциско мораше принудно да слета во Лос Анџелес, откако остана без гуми. Повторно во петокот вечерта, друг лет од SFO мораше принудно да слета во ЛА поради проблем со хидрауличниот систем на авионот.

Поврзани содржини