Уште двајца угостители приведени, полицијата во нивната кафеана најде 25 гости
Пазарниот инспекторат го затвори угостителскиот објект.
Сопственик на угостителски објект во село Неготино, општина Врапчиште и неговиот брат вечерва се приведени под сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, соопшти МВР.
Вечерва при контрола на угостителскиот објект чиј сопственик е М.Б.(30) полицијата пронашла 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти.
Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по што и тој е лишен од слобода.