УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ПЕКОЛ Поројните дождови ќе стигнат за викендот

За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

432

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност.






Денеска ќе се задржи многу топло време со максимална температура наместа над 40°C и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Поврзани содржини