УШТЕ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО В недела ќе врне, од понеделник ќе залади

В недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. Од понеделник се очекува пад на дневните температури од 8 до 10 степени.

226

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.

В недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.






И во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Поврзани содржини