Уште 6 медицински лица заболени во Куманово, се предлага клуч за Гинекологија

1,183

Уште шестмина вработени во кумановската болница денеска добиле позитивни резултати на ковид-19. Станува збор за медицински сестри и акушерки.

Во понеделникот биле земени брисеви од 71 вработен во болницата. Со ова вкупната бројка на заболени во болницата изнесува 24.






Кризниот штаб во Куманово денеска ќе предложи да се затвори гинеколошкото одделение и да се направи пресек на болницата со цел работата да се реорганизира. Ќе се побара и резултатите за болничкиот персонал да бидат приоритет а не да се чека за нив по неколку дена. За денес добиените резултати се земени брисеви од вработените во понеделникот.

Според градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, до сега 141 лице се заразаени во Куманово од кои 9 починаа.

Во болницата има околу 600 вработени.

Поврзани содржини