УШТЕ 5 МИЛИОНИ ЗАВРШИЈА КАЈ ИГРАЧИТЕ Двајца среќници од Скопје и од Струмица
Непресушниот извор на радост наречен „Милионер џекпот“ овој пат ги погоди Скопје и Струмица.
Добивките „Милионер“ и „Мини џекпот“ на Видеолотарија Касинос Австрија минатата недела испорачаа прилив од приближно 5 милиони денари на сметките на среќни играчи. Двајца од нив се радуваа на добивките вредни 1.455.484 и 1.622.730 денари.
Непресушниот извор на радост наречен „Милионер џекпот“ овој пат ги погоди Скопје и Струмица. На претпоследниот ден од минатиот месец, среќата му се отвори на еден играч од југоистокот на Македонија во „Клуб спорт 77 Евротип“, со добивка вредна 1.455.484 денари.
– Веста за „Милионер џекпот“ во Скопје, пак, се рашири на 3 март и тоа во самиот центар на главниот град. Среќната локација овојпат беше објектот на „Моцарт“, каде е освоена добивката во вредност од 1.622.730 денари – велат од компанијата.
Мината недела играчите се радуваа и на „Мини џекпот“ добивките кои кај нив инкасираа вкупно 1.903.603 денари.