УШТЕ 375 ПРИВЕДЕНИ ЗА ПОВРЗАНОСТ СО ИСЛАМСКА ДРЖАВА Турција спроведува широка акција против терористичката организација

Акцијата е спроведена еден ден по престрелката во северозападна Турција, при што загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД.

38

Турската полиција приведе 357 осомничени лица во денешната операција против членови на Исламска држава. Акцијата е спроведена еден ден по престрелката во северозападна Турција, при што загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека властите спровеле рации во 21 провинции низ целата земја.






Турските власти ги интензивираа напорите за борба против тероризмот пред новогодишните прослави, по разузнавачките предупредувања за евентуални напади од страна на ИД.

Полицијата во Истанбул на 25 декември изврши рации на 124 локации и приведе 115 осомничени членови на ИД и заплени оружје и муниција откако доби информации дека групата планира напади за време на празниците.

Поврзани содржини