Уште 317 метри ќе се премости Керамидница, ама догодина

Изградбата на овој булевар во планската документација на Скопје постои уште од 1965 година.

2,291

Тристе и седумнаесет метри ќе се градат во третата и последна фаза од изградбата на новиот булевар АСНОМ на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до објектот на поранешен Пролетер во населбата Керамидница.

– Согласно проектот оваа фаза опфаќа реконструкција и изградба на дел од булеварот во должина од 317 метри, за што ќе се инвестираат околу 70,6 милиони денари. Реализацијата на овој проект и градежните работи ќе се одвиваат согласно динамиката на експропријацијата на имотите кои се на неговата траса и моите очекувања се дека најдоцна на почетокот на наредната година ќе биде пуштен во употреба – рече на прес-конференцијата градоначалникот Шилегов.






Шилегов додаде дека изградбата на овој булевар во планската документација на Скопје постои уште од 1965 година.

– Со изградбата на овој коридор граѓаните на Аеродром и на Ново Лисиче ќе имаат уште едно поврзување со центарот на градот, кое освен за автомобилскиот сообраќај, ќе биде поврзано и со велосипедски патеки, а по него ќе се движат и нови автобуски линии, со што граѓаните ќе бидат поврзани на сите начини. Исто како и остатокот од булеварот и во овој дел е предвидено модерно булеварско решение со по 3 коловозни ленти во двата правца, странично и средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и модерно ЛЕД осветлување – изјави Шилегов.

Поврзани содржини