Уставниот суд денеска ја поништи Уредбата на Владата со која се предвидуваше исплата на заостанатите придонеси и трошоци за комуналните услуги на поранешните вработени во СЈО.
„Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XIV седница (денeс, 14 мај 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да ја поништи Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривилни дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на коминикациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020 и 112/2020) и го стави вон сила решениете за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени“, информира Уставен суд на својата инернет страница.