УРСУЛА, УГАСНИ ГО ФИТИЛОТ ВО КАЛИНИНГРАД Европа се откажува од блокадата во Литванија?
Не се работи за повлекување, туку за избегнување на ескалација. ЕУ не се обидува да го блокира Калининград, рекол дипломатскиот извор. Наводно, Италија и неколку европски земји директно побарале од шефицата на ЕК „да го угасне фитилот“.
Урсула Фон Дер Лајен „да го угасне фитилот кој гори во Калиниград“, побарале Италија и неколку други европски земји. Градот кој важи за руска тврдина во Европа, а на кого од страна на Литваниај му беше прекинат увозот на половина од трговските и други стоки преку теснецот Сувалки сега може да биде ново буре барут на континентот. Европските земји имаат решение за овој проблем.
– Не се работи за повлекување, туку за избегнување на ескалација. ЕУ не се обидува да го блокира Калининград – рекол изворот, пренесува Јутарни лист.
Според Тајмс, високи дипломатси извори до Брисле бараат од Европската Комисија, на чие чело е Лајен, да ја „ублажи“ ситуацијата. Всушност, Литванија го затворила спорниот коридор, инаку тромеѓе меѓу Литванија, Полска и Белорусија по сугестија на Брисел и западните санкции кон Русија.
Кремљ брзо потоа се закани со „сериозно негативни“ последици. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека доколку Литванија не ги повлече своите чекори, „одмаздата ќе биде неизбежна“.
По заканите, изгледа ЕУ се предомислува за блокадата.
– Ние сме во близок контакт со литванските власти и ќе обезбедиме дополнителни насоки за тоа како да се продолжи – вели еден претставник на Комисијата, нагласувајќи дека царинските проверки на возовите што минуваат низ Литванија до Калининград ќе бидат „пропорционални и ефективни“.
Овие нови насоки подразбираат одржување мерки за проверка на возовите или камионите кои превезуваат стока со цел да се спроведат санкции, но сега, со блокадата, тие дозволуваат движење на метал или градежни материјали доколку стоката е за домашниот пазар на Русија, од кој Калининград е дел.
Литванската премиерка Ингрид Симонит ја обвини Москва за пропагандни лаги поради наводите за блокада на железницата на Калининград.
– Литванија се придржува до санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија поради агресијата и војната против Украина – рече таа.
Еден дипломат рече дека Литванија и Полска намерно ги „интензивирале“ проверките, со цел да извршат притисок врз Москва и да го принудат НАТО да се фокусира на одбраната на своето источно крило пред самититот во Мадрид идниот вторник.
Инаку, Калининград е руска територија со околу милион жители сместена на Балтичкото Море, сместена меѓу Литванија и Полска. Во градот е сместена толку воена опрема, од нулеарни боеви глави, Искандер ракети, до подморници во Балтичкото Море, што го нарекуваат најгуста воена точка во Европа.
Градот е седиште на руската Балтичка флота, а Сувалкискиот теснец, коридор долг 100 километри што ги поврзува Калининград и Белорусија, најблискиот сојузник на Русија, се смета за потенцијална фокусна точка за нови конфликти меѓу Западот и Русија.
– Ни треба многу поголемо присуство во регионот – рече Симонит, која ќе изврши силен притисок врз лидерите на Алијансата на самитот на НАТО следната недела, со цел да се зголеми постојаното присуство на сојузничките трупи во областа.