Претседателката на Европската комисија советува да не планираме летен одмор: Никој нема прогноза за јули и август

1,830

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека поради пандемијата на коронавирус треба да се почека со планирањето летен одмор.

– Советувам да почекате со таквите планови. За јули и август се уште никој не може да даде сигурна прогноза – рече Фон дер Лајен во интервју за германски „Билд“.






На прашањето во однос на одлуката на германската Влада да им се издаваат на луѓето бонови како противвредност на патувањата кои поради пандемијата се откажани, таа одговори дека тие, правно гледано, имаат можност да бираат дали да им се вратат парите или да добијат бонови.

Сепак, таа ги повика клиентите на туристичките агенции, кои немаат финансиски проблеми, да се откажат од своето право.

– Во оваа криза, потребна е солидарност на сите. Ако некој е финансиски во можност да не побара враќање на средствата, туку ќе земе бонови, тогаш тоа ќе биде добро за туристичките агенции да ги надминат тешките недели – рече Фон дер Лајен.

Поврзани содржини