Урсула фон дер Лајен се вакцинира против ковид-19

429

Претседателката на Европската Комисија попладнево преку Твитер информираше дека денеска ја примила првата доза на вакцина против ковид-19.

„Откако ја надминавме стапката на сто милиони вакцинации во ЕУ, многу сум среќна што ја добив првата доза против ковид-19 денеска. Вакцинацијата и натаму ќе се забрза затоа што испораките се забрзуваат. Што побргу се вакцинираме толку побргу ќе ја ставиме пандемијата под контрола“, напиша фон дер Лајен, но не прецизираше која вакцина ја примила.

Поврзани содржини