УРОШ Б. МУ ГО ПОМОДРЕЛ ОКОТО НА ЦИМЕРОТ ВО ЗАТВОРОТ Убиецот од Младеновац останал неповреден во тепачката

Според неофицијални информации, по расправија со цимерот, Урош Б. физички го нападнал и со тупаници го претепал по лицето.

548

Урош Б., кој на 4 мај во селата Мало Орашје и Дубона во Србија уби осум лица и рани 14, синоќа се степа со цимерот во затворската единица во Смедерево, пишува Мондо.

Според неофицијални информации, по расправија со цимерот, Урош Б. физички го нападнал и со тупаници го претепал по лицето.






Затвореникот кој се борел со Урош „заврши“ со модро око, додека убиецот е неповреден.

На рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, Урош Б. призна дека пукал во луѓе затоа што чувствувал дека мештаните прават заговор против него и дека е изложен на потсмев.

Урош Б. го изврши масакрот само еден ден по масовното убиство на децата во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Поврзани содржини