(УРНЕБЕСНО ВИДЕО) ДОБИ ПОГОЛЕМ АПЛАУЗ ОД МЕСИ Палаво куче истрча на теренот и им ја украде топката на фудбалерите
Фудбалерот го предал кучето на редарот, кој потоа го извел надвор од теренот, а видеото од неговата „пакост“ стана хит на ТикТок и има речиси 26 милиони прегледи.
Кучињата обожуваат да си играат со топки, па кога ќе ги здогледаат не бираат ни време ни место за да си поиграат со омилената играчка.
Така едно „непослушно“, но преслатко куче ги насмеа навивачите на фудбалски натпревар кога среде игра втрча на теренот, ја украде топката и започна да си игра со неа.
Тоа не сакаше да ја пушти топката ни кога еден од фудбалерите го зеде во раце и започна да го носи преку теренот.
Во еден момент кучето случајно ја испушти топката, но не ја добило назад, иако играчите добиле нова топка за да ја продолжат играта.
Фудбалерот го предал кучето на редарот, кој потоа го извел надвор од теренот, а видеото од неговата „пакост“ стана хит на ТикТок и има речиси 26 милиони прегледи.
„Дајте му ја топката“, „На неговото лице нема ни трошка каење“, се пошегувале луѓето под видеото.
Додека го изнесувале кучето надвор од теренот, публиката го поздравила со громогласен аплауз и овации.
@fjerryLegend