Урнебесно видео: Барди тргна да се поздрави со Алиоски, а тој побегна (ВИДЕО)

Денеска „рисовите“ имаат слободен ден, а како што веќе познато, во вторник ги чека патување со чартер лет за Букурешт, каде на 13 јуни ќе го одиграат својот прв меч на ЕП и тоа против Австрија.

1,535

Како што веќе е познато, Енис Барди доби негативен ковид тест и се врати во тимот на Македонија пред Европското првенство.

Барди се приклучи на тимот во хотелот каде што се сместени, а на интернет се појави снимка од првиот контакт со соиграчите од националниот дрес.






Тој влезе во салата по што следуваше аплауз, се поздрави со најголем дел од играчите, а кога тргна да се поздрави со Алиоски тој побегна.

Сепак, Алиоски по кратката „бркотница“ застана и се поздрави со сега веќе оздравениот Енис Барди.

 

Денеска „рисовите“ имаат слободен ден, а како што веќе познато, во вторник ги чека патување со чартер лет за Букурешт, каде на 13 јуни ќе го одиграат својот прв меч на ЕП и тоа против Австрија.

Тренингот мина во добра атмосфера, работно, каде беше и Енис Барди кој завчера, откако се дозна дека е негативен на тестот за ковид-19, веднаш се приклучи на своите репрезентативни колеги.

Со неговото враќање и онака добрата амосфера сега е одлична. Нам ни останува да очекуваме добри резултати од нашите херои на ЕУРО 2020, на првото големо фудбалско натпреварување на кое ќе учествува и нашата фудбалска репрезентација.

Поврзани содржини