🎥 УРНЕБЕСНО! Хрватски водител направи пародија од победничкиот настап на Евровизија, Швајцарецот ја сподели
Урнебесното видео има над 40.000 прегледи и стотици забавни коментари. Дури и швајцарскиот победник реагираше на забавната хрватска верзија на неговиот евровизиски настап.
Хрватскиот водител Далибор Петко сними пародија на победничкиот настап на годинешниот избор за песна на Евровизија во изведба на швајцарскиот претставник Немо.
„Швајцарскиот настап кој по грешка му беше пуштен на хрватското жири“ – напиша водителот во описот на објавата.
View this post on Instagram
Урнебесното видео има над 40.000 прегледи и стотици забавни коментари. Дури и швајцарскиот победник реагираше на забавната хрватска верзија на неговиот евровизиски настап.
„Хахах, ова е супер“ – напиша победникот на Евровизија и го сподели видеото на својот Инстаграм профил.
„И Немо одобрува“ – додаде Петко.
Немо во финалето на изборот на песна за Евровизија освои вкупно 591 поен, второпласиран беше хрватскиот претставник Бејби Лазања кој освои 44 поени помалку од него. Сепак, Бејби Лазања освои најмногу гласови од публиката, вкупно 337 поени и според многумина тој го има годинешниот евровизиски хит.