Музичката дива Мараја Кери (52) одлучи да го документира примањето на првата доза од вакцината против ковид-19, со цел да ги поттикне нејзините обожаватели ширум светот на имунизација во борба против коронавирусот.
Во објавената снимка на Инстаграм, 52-годишната пејачка во нејзин стил пред медицинскиот персонал се обидува да ги прикаже своите чувства поради примањето на првата доза од вакцината, а откако инејкцијата ѝ била имплицирана во раката, се појавила и првата нуспојава.
Нервозна и исплашена, пејачката испуштила висок тон на граница на вресок, кој поради нејзиниот музички стаж ѝ стана пејачки заштитен знак.
Со своето видео во стил на вистинска поп дива, успеа да ги насмее нејзините фанови, како и славните од холивудската и музичката индустрија.
View this post on Instagram