Урнебесна фотографија од Ким Кардашијан како спие во фризерски салон: И таа ја држи устата отворена, ми олесна ФОТО

1,323

Фризерот на Ким Кардашијан (40), Крис Eплтон неодамна објави фотографија на која ѝ прави фризура најпознатата старлета на светот, а таа во тој момент заспала.

Имено, на фотографијата се гледа како Крис ја средува косата на Ким Кардашијан, додека таа спие, а тој ја искористил можноста да се фотографира со неа во тоа издание.






„Те сакам Ким“, напишал Крис во описот на објавата, а потоа Ким одговорила:

-„Те мразам. Се шегувам. Ме исцрпи“, напишала Ким во коментарите.

Објавата насмеа многу од неговите следбеници, па собра повеќе од 171.000 лајкови, додека многу јавни личности ја коментираа фотографијата.

„Заспаната убавица“, беше коментарот на богатата наследничка Парис Хилтон.

„Таа е убава и со отворена уста“, „Добро, и таа ја држи устата отворена додека спие, какво олеснување“, „Таа е највредна“, „Ким е убава и додека спие“, „Хаха, каква шега “, „Ким, не се лути“, беа коментарите на нејзините обожаватели.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини