Урнебесна дебата на Џим Кери и Алек Болдвин во улогите на Трамп и Бајден (ВИДЕО)
Главна тема беше дебатата на претседателските кандидати, Доналд Трамп и Џо Бајден, што на свој начин ја водеа Алек Болдвин и Џим Кери.
Шоуто на „NBC“ – „Saturday Night Live“ ја започна својата 46-та сезона, по повеќемесечна пауза поради пандемијата со коронавирусот.
Главна тема беше дебатата на претседателските кандидати, Доналд Трамп и Џо Бајден, што на свој начин ја водеа Алек Болдвин и Џим Кери.
Алек Болдвин повторно се појави во улогата на Трамп, а Џим Кери дебитираше во улогата на Бајден.
Во скечот, Болдвиновиот Трамп ја водеше дискусијата на ист начин како вистинскиот Трамп и се обиде на секој начин да го вознемири својот противник со тоа што го прекинуваше и навредуваше. Во меѓувреме, Кери – Бајден се обидуваше да го контролира својот гнев дишејќи во хартиена кеса и зборувајќи гласно сам со себе.
– Гледај, човеку, јас сум пристоен дечко, но ако продолжиш со своите глупости, ќе ти го откинам лицето како лудо шимпанзо”, викаше Кери, а потоа продолжи да си зборува: „земјата смета на тебе, Џо. само стој тука и изгледај разумен.
Водител на шоуто беше актерот Крис Рок, кој се појави на сцената со маска и потоа ја симна за да ја игра својата улога. Тој настапи пред жива публика која носеше маски.
Крис Рок се пошегува дека пандемијата на коронавирусот го уништила поголемиот дел од 2020-та година. Потоа тој саркастично покажал емпатија кон Трамп и фактот дека е во болница поради коронавирусот.
– Претседателот Трамп е во болница поради ковид-19 и јас само сакам да кажам дека срцето ми се крши за Ковид – рече актерот и комичар.
Тој даде свое мислење за тоа што луѓето треба да го „преиспитаат“ нивниот став кон владата.
– Каква работа имате четири години, без оглед што ќе се случи. Само покажете ми една таква работа. Кога вработувате готвач и поради него луѓето повраќаат секој ден ако седнете и кажете „О, тој има четиригодишен договор за работа“ – рече Крис Рок.
Меган Ди Сталион настапи како музички гостин на крајот од програмата и го изведе својот хит сингл „Savage“ во црно-бел комплет. Познатата раперка апелираше на заштита на правата на црните Американци, додека натписот „Заштитете ги црните жени“ секогаш беше на екранот зад неа.