УРНАТИ ПОКРИВИ, ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ Силно невреме попладнево го зафати Охрид (ВИДЕО)

Силниот ветер откорна покрив од станбена зграда чии делови оштетиле повеќе куќи и автомобили во соседството, а поради дождот и градот биле поплавени повеќе улици. За среќа нема повредени.

2,787

Попладнево Охрид го зафати силно краткотрајно невреме, кое било интензивно, но предизвикало материјални штети.

Силниот ветер откорна покрив од станбена зграда чии делови оштетиле повеќе куќи и автомобили во соседството, а поради дождот и градот биле поплавени повеќе улици. За среќа нема повредени.






Исто така поради силниот ветер биле откорнати дрвја, биле искршени гранки и искинал кабли од телефонски и телевизиски оператори во градот.

Поврзани содржини