УРНАТА ДИВОГРАДБА МЕЃУ ПИНТИЈА И ДРАЧЕВО Индустрискиот објект бил изграден под далновод

Кисела Вода сега е општина во кој функционира правната држава и во која незаконското работење се казнува - изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

2,449

Индустриски објект, изграден без градежна дозвола блиску до трaфостаница во индустриската зона на патот Пинтија-Драчево, беше урнат рано изутринава од екипа од Општина Кисела Вода.

– Утрово урнавме индустриски објект изграден под далновод, каде, согласно Законот за градба, е строго забрането градење на било какви градби. Со тоа сакаме да им укажеме на сите оние кои се заинтересирани да градат, дека ја имаат нашата целосна поддршка доколку ги почитуваат законски предвидените процедури, но и дека има најстроги казни за оние кои ги кршат законите. Кисела Вода сега е општина во кој функционира правната држава и во која незаконското работење се казнува – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Поврзани содржини