УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБИТЕ ЌЕ НЀ ИЗГОРИ Герасимовски бара поддршка за конфискација на нелегалните градби

Се соочуваме со проблем зашто кога ќе се урнат неколку столба од објектот, тој не е функционален, но во него потоа се населуваат бездомници и создаваат дополнителни проблеми во околината, вели Герасимовски.

895

Општина Центар прави напор инвеститорите кои ќе градат на парцелата на поранешната фабрика „Треска“ да направат градинка која би ја донирале на општината, зашто таму не е предвиден ваков објект, рече градоначалникот Горан Герасимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Таму во моментов се расчистува теренот и се отстрануваат објекти, но тоа го прават самите сопственици на парцелите. Државното земјиште во парцелата Треска ќе потпадне на урбанизација, решавање на сообраќајот, паркирањето и зеленилото.






На прашањето што очекува од иницијативата поднесена до ЗЕЛС за конфискација на дивоградби изградени на државно земјиште, тој вели:

– Иако е постапено целосно од наша страна како општина, поставени жолти ленти, пишани казни за отстранување и уривање на диво изграден објект, се соочуваме со тоа да треба да вложиме огромни пари за да ги отстраниме тие објекти. Нам, за два објекта коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да оневозможиме да бидат функционални. Се соочуваме со проблем зашто кога ќе се урнат неколку столба од објектот, тој не е функционален, но во него потоа се населуваат бездомници и создаваат дополнителни проблеми во околината. За да го отстраниме целиот објект потребни се неколкупати повеќе пари и тоа претставува огромен проблем на општината и на општинскиот буџет.

Поврзани содржини