УРЕДУВАЊЕТО ВО ДОМОТ ВЛИЈАЕ ВРЗ РАСПОЛОЖЕНИЕТО Кои бои да ги одберете за да се чувстувате пријатно?

Научно е докажано дека ентериерот може да има позитивен ефект врз нашето здравје, но од големо значење се и боите кои го исполнуваат вашиот дом, бидејќи тие значително влијаат врз вашето расположение. Затоа, треба да размислите убаво за која боја да се одлучите кога ги боите ѕидовите или пак бирате декоративни елементи и украси.

197

Домот е место каде што се опуштаме после напорниот ден, место за релаксација, креативност, семејно дружење и хармонија, место каде се чувствуваме најсигурно и најсмирено, па поради тоа треба да се одлучиме за вистинските елементи и бои кои ќе го сочинуваат просторот во кој го поминуваме поголемиот дел од денот.

Научно е докажано дека ентериерот и боите може да имаат позитивен ефект врз нашето здравје, па затоа, меѓу другото, се препорачува што повеќе од предметите во нашиот дом да се направени од природни материјали, просторот да се збогати со растенија, за да се обезбеди поголем пристап до природна светлина и слично.






Исто така, многу е важно да го поврзете просторот во значајна целина, како и да го искористите секој дел од просторот. Со текот на времето, секое место за живеење станува помало, а способноста да се организира простор за живеење стапува на сила кога е неопходно да се постават различни функции соодветно на квадратурата на станот, без да се загрозат функционалноста и визуелните квалитети на самиот простор.

Покрај тоа, од големо значење се и боите кои го исполнуваат вашиот дом, бидејќи тие значително влијаат врз расположението. Затоа, треба да размислите убаво за која боја да се одлучите кога ги боите ѕидовите или пак бирате декоративни елементи и украси.

Сина – оваа боја го намалува крвниот притисок, го поттикнува бавното дишење и ги намалува отчукувањата на срцето. Затоа се смета за смирувачка и релаксирачка и често се препорачува за спални и бањи.

Темно сината има спротивен ефект, па предизвикува чувство на тага.

Пастелот, од друга страна, може да биде непријатно ладен на sидовите и мебелот, особено во просторија во која има малку природна светлина. Ако се одлучите за светло сина како примарна боја во просторијата, балансирајте ја со топли нијанси на мебел и ткаенина.

Тиркизната има моќ да поттикне релаксација во дневните соби и големите кујни.

Црвена – оваа боја го зголемува нивото на енергија во просторијата. Во дневната соба или трпезаријата, црвената боја ги привлекува луѓето и поттикнува разговор. Во ходникот, околу влезот, таа остава силен прв впечаток.

Доказите велат дека црвената боја го зголемува крвниот притисок и го зголемува пулсот и отчукувањата на срцето. Обично се смета за премногу стимулативно за спални, но ако останете таму само ноќе, ќе ја гледате само под слабо светло и ќе ви изгледа богато и елегантно.

Жолта – поврзана е со сонцето и ја пренесува среќата. Иако е весела боја, сепак не е добар избор за главна боја на просторот. Истражувањата покажуваат дека луѓето почесто ги губат нервите во жолти простории. Бебињата, исто така, плачат повеќе во жолтите соби.

Оваа боја има тенденција да создаде фрустрација и лутина. Од друга страна, во хромотерапијата, која ја користи моќта на боите како главен инструмент, се верува дека жолтата боја ги стимулира нервите и го прочистува телото.

Зелена – се смета за најмирна боја на очите, па често се користи како главна боја за украсување. Се верува дека го ублажува стресот помагајќи им на луѓето да се релаксираат. Исто така, се смета дека ја поттикнува плодноста, па затоа е одличен избор и за спалната соба.

Розова – женственост, живост, топлина, сето ова може да го постигнете со оваа боја, само ако ја изберете вистинската нијанса. Посилните нијанси може да изгледаат луксузно и гламурозно, додека посветлите се смирувачки и освежувачки.

Сепак, треба да бидете внимателни со розовата, ако сакате да избегнете романтичен миг, остатокот од ентериерот треба да биде многу умерен и минималистички.

Виолетова – темно виолетовата е богата, драматична и софистицирана. Оваа боја е поврзана со луксуз и креативност. Полесни верзии на виолетова, како што се лаванда и јоргован, носат ист мир во собата како и сината, но без ризик да создадат чувство на студенило.

Оваа боја секогаш изгледа шик и модерно, понекогаш многу луксузно, особено кога се комбинира со црна, бела или сребрена боја. Затоа е добар избор за дневни соби, како и бањи или кујни.

Во денешно време, кога живеењето е брзо, а моментите за одмор се драгоцени, од витално значење е да си обезбедите што е можно подобар простор за живеење.

Затоа, обрнете посебно внимание на ентериерот и неговите бои, економично искористете го секој сантиметар од вашиот стан и обезбедете си себе и на вашите најблиски квалитетна животна средина во која престојот ќе биде задоволство.

Поврзани содржини