Уредникот на „Билд“ до кинескиот претседател: Ги затворате критички настроените весници, но не и штандовите што продаваат супа од лилјаци ВИДЕО

1,378

Главниот уредник на германскиот весник „Билд“ тврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг, неговата влада и научници моралe да знаат дека коронавирусот е многу заразен, но и дека го криеле тоа од остатокот од светот.

На реакцијата го поттикнало отвореното писмо кое му го испратила кинеската амбасада во Берлин.






Рајхелт го напаѓа официјален Пекинг преку пет точки, не штедејќи го ниту целиот кинески државен врв, а неговата реакција е насловена „Драг претседателе Си Џинпинг“.

– Вашата амбасада ми кажува дека не се придржувам кон „традиционалното пријателство на нашите народи“. Претпоставувам дека го сметате за големо „пријателство“ што сега великодушно испраќате маски ширум светот. Не е пријателство, јас би го нарекол империјализам скриен зад насмевка – тројански коњ. Планирате да ја зајакнете Кина преку чумата што сте ја извеле. Вие нема да успеете. Коронатавирусот ќе биде вашиот политички крај, порано или подоцна – изјавил Рајхелт.

Уредникот апелирал и до Си, обвинувајќи го за „владеење преку надзор“ и дека преку тоа се скратени многу демократски права во Кина. Тој посочува дека државата која не е слободна не може да биде креативна или инвентивна.

– Вие не би биле претседател без надзор. Набљудувате сè, секој граѓанин, но одбивате да ги следите заразените пазари во вашата земја. Го затворате секој весник и секој портал кој е критички настроен кон вашата влада, но не и штандовите што продаваат супа од лилјаци. Не само што ги контролирате своите луѓе, вие ги загрозувате – и со тоа и остатокот од светот. Поради оваа причина, вие ја направивте вашата земја светски шампион во кражба на интелектуална сопственост. Кина се збогатува со други пронајдоци наместо да доаѓа со свои. Причината зошто Кина нема изум е тоа што не дозволувате на младите луѓе слободно да размислуваат. Најголемиот хит во Кина за извоз (кој никој не го сакаше, но се прошири без оглед)е коронавирусот – рече Рајхелт.

Главниот и одговорен уредник на Билд е убеден дека кинеската влада и научниците знаеле колку е заразен коронавирусот, но тие го криеле од остатокот на светот. Тој го наведе „Вашингтон пост“ како пример, споменувајќи дека лабораториите во Вухан испитувале коронавирус кај лилјаци без да ги исполнуваат стандардите за безбедност.

– Вашите експерти не реагираа кога западните истражувачи сакаа да откријат што се случува во Вухан. Бевте премногу горди за да ја кажете вистината, која ја сметавте за национален срам. Зошто вашите токсични лаборатории не се толку безбедни како и затворите за политичките затвореници? Дали сакате да го објасните ова на ужасните вдовици, ќерки, синови, сопрузи, родители на жртви на коронавирус ширум светот? – го прашал тој кинескиот претседател.

На крајот, тој му порачал на Си дека кинеските граѓани му шепотат зад грб:

– Вашата моќ се распаѓа. Вие создадовте мистериозна, нетранспарентна Кина. Пред коронавирусот, Кина беше позната како држава на надзор, а сега е позната како држава на надзор што го зарази светот со смртоносната болест. Тоа е твоето политичко наследство.

Поврзани содржини