Главната уредничка на магазинот „Вог“ и најмоќна жена во светот на модата, Ана Винтур на својот профил на Инстаграм сподели вести за нејзиниот син, кој работи како лекар во болница во Менхетен.
– Мојот син е доктор. Тој во моментов е многу болен и е во самоизолација. Кога ќе закрепне, тој повторно ќе се врати на работа – вели Винтур во видеото што го објави на Инстаграм.
– Јас сум многу горда на него и благодарна на сите здравствени работници кои прават сé што можат за да го запрат ширењето на вирусот и да спасат животи – додаде најмоќната жена во светот на модата.
Винтур зборува и за проблемите што се појавија во светот на модата и дизајнот како последица на коронавирусот.
– Многу американски дизајнери и бизнисмени стравуваат дека нивниот занает нема да ја преживее пандемијата – рече Винтур, истакнувајќи дека започнала кампања за собирање донации за загрозените занаетчии.