УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ И НА СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ Кондовски со порака дека силна економија значи силен град

Новите инвестиции носат нови работни места, а силна економија значи силен град. Граѓаните мора да бидат задоволни од животот во Битола, изјави Кондовски.

339

Ако успеам во намерата и направам пренамена на земјиштето до мелницата, ќе инвестирам во нов капацитет за производство и ќе вработам нови луѓе. Ама, за тоа неопходна ми е поддршката од институциите. Ова се зборови на Ејуп Фејзовски, сопственик на мелница,пекара „Мигрос“со кого денеска искрено и отворено разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочува во неговото работење, вели Христо Кондовски, бизнисмен и кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ.

– Урбанистичкото планирање на градот мора да биде прво, во функција на граѓаните, а секако и на стопанствениците. Новите инвестиции носат нови работни места, а силна економија значи силен град. Граѓаните мора да бидат задоволни од животот во Битола – изјаво Кондовски.

 

Поврзани содржини