УРАГАНОТ НА АЛИ АХМЕТИ ЌЕ ГИ ЗБРИШЕ СИТЕ ПРОТИВНИЦИ Џевдет Хајредини иронично за оптимизмот на „фронтот за Европа“
После вчерашниот извештај на американскиот Стејт департмент за Македонија за изминатата 2022 година, премиерот веднаш излезе со, како никогаш досега, енергичниот одговор, со оценка дека извештајот е „многу важен и корисен за нас“, што треба да се користи во насока на подобрување на сите состојби во општеството.
Дека сите состојби во општеството ќе се подобрат, гарантираат тимот за санкции од Вашингтон кој, на покана на Бујар Османи, дојде во Скопји, како и ураганот на Али Амети, најавен од митингот на ДУИ во Чаир, кој ќе ги збрише пред себе сите противници на фронтот за обединета Европа.
(Фејсбук статус на Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии)