УРАГАНОТ ИДА ГО ПРОМЕНИ ТОКОТ НА РЕКА Милиони луѓе без струја, пристигнуваат нови страшни снимки (ВИДЕО)

За само три дена откако се појави во Карипското Море како тропска бура, Ида зајакна во ураган од категорија 4, со ветрови од 240 километри на час, објави НХЦ.

1,604

Ураганот Ида во вчера стигна до брегот на Луизијана како ураган од категорија 4, со ветрови со брзина од околу 240 километри на час, облаци и високи бранови кои поплавија голем дел од брегот.

Додека жителите на Њу Орлеанс мака мачат со прекинот на електричната енергија, тие се борат за живот на помали места во близина на градот, откако брановите го падминаа насипот.






Шефот на полицијата Жан Лафит Марсел Родригез смета дека најмалку 400 луѓе останале во областа бидејќи не можеле да се евакуираат пред да пристигне ураганот поради финансиски или технички причини.

– Тие се исплашени затоа што никогаш не виделе вакво нешто. Никогаш не доживеале вакво невреме – рекол наредникот Џејсон Леорвалд.

 

Градоначалникот Тим ​​Кернер испрати порака за охрабрување до жителите кои останаа заробени во своите домови поради надојдената вода. Тој рече дека гумени чамци наскоро ќе дојдат за нив штом ќе дозволи времето, но дека тоа засега не е можно.

– Ураганот целосно го уништи Џeин Лафит. Имаме еден куп луѓе заробени и сѐ уште не можеме да стигнеме до нив. Претходно имавме поплави и страшни бури, но никогаш во животот не сум видел ваква вода. Само што нас нѐ погоди на најлош можен начин. Беше толку силна бура што целосно нѐ уништи – рече Кернер.

Спасувачките екипи се подготвени да тргнат за 200 луѓе за кои се верува дека се во непосредна опасност по пукањето на браната.

За само три дена откако се појави во Карипското Море како тропска бура, Ида зајакна во ураган од категорија 4, со ветрови од 240 километри на час, објави НХЦ. За неколку часа, ураганот стигна до Њу Орлеанс како бура од категорија 3, со малку послаби ветрови, но со бранови повеќе од предвидените од 1,83 метри во некои делови на брегот.

Целото подрачје на Њу Орлеанс остана без електрична енергија малку по 19 часот во неделата, поради ураганот. Имаше „катастрофална“ штета на системот за снабдување со електрична енергија, а според податоците од веб-страницата на компанијата, повеќе од 673.000 потрошувачи во областа Њу Орлеанс останаа без електрична енергија.

Поврзани содржини