🎥УРАГАНОТ ЕЛЕНА УДРИ НА ФЛОРИДА Ветрот носи се пред себе, најмалку три лица загинаа, милион жители без струја

Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Алабама, Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба.

261

Најмалку три лица загинаа во невремето кога ураганот Елена ги погоди САД, за кој се смета дека е  најсилниот досега што ја погодил областа Биг Бенд на Флорида.

Елена синоќа стигна во северозападна Флорида како бура од четврта категорија, објави АП.






Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека Хелена удрила на копно синоќа во близина на устието на реката Аусила во областа Биг Бенд во Мексиканскиот залив. Брзината на ветрот беше 225 километри на час.

Повеќе од милион домови и бизниси останаа без струја во Флорида и повеќе од 50.000 во Џорџија.

Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Алабама, Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба.

– Ова е една од најголемите бури што некогаш сме ги имале- изјави гувернерот на Џорџија Брајан Кемп.

Беа издадени наредби за евакуација долж брегот на Заливот во ниските области околу Талахаси, Гејнсвил, Седар Ки, Лејк Сити, Тампа и Сарасота, Флорида.

Едно лице загина на Флорида кога сообраќаен знак паднал врз неговиот автомобил, а две лица загинале во јужна Џорџија.

Метеорологот Дилан Луск изјави дека Националната метеоролошка служба издала предупредување за торнадо синоќа во округот Вилер, Џорџија. Тој рече дека тоа е едно од 12-те предупредувања за торнадо за само неколку часа.

Националната метеоролошка служба прогнозираше бури и предупреди дека тие би можеле да бидат „катастрофални“ во заливот Апалачи, во близина на брегот на Флорида.

Училиштата во округот и неколку универзитети ја откажаа наставата, а аеродромите во Тампа, Талахаси и Клирвотер беа затворени.


Метеоролозите предвидуваат дека Елена најверојатно ќе ослабне додека се движи кон копното.

Националната океанска и атмосферска администрација предвиде натпросечна сезона на урагани во Атлантикот поради рекордно високите температури на океаните.

Поврзани содржини