Управниот суд пресуди во корист на Владата за антикризните мерки за НВО

733

Управниот суд ја поништил одлуката на Антикорупциската комисија, одлучувајќи по приговор на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во врска со финансиската поддршка за здруженија и граѓански организаци што ја даде Владата, за време на вонреднната состојба.

Како што соопштија денеска од Владата, Управниот суд, вчера на седница, ја прифатил тужбата од Генералниот секретаријат на Владата, поднесена од генералниот секретар Драги Рашковски. Управниот суд, всушност, ја поништил одлуката на ДКСК како неоснована, со што го прогласил за неоснован и приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“






„Во образложението на Управниот суд  во врска со отфрлањето на одлуката на ДКСК и на приговорот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ се наведува дека во конкретниот случај се извршило исплата на средства од Буџет на РСМ, за кое нешто биле донесени одлуки и Програма за давање на финансова поддршка, во вонредна состојба, а исплатата претставувала само реализација на овие одлуки и програми, видно од приложените договори, и дека е ирелевантно дали исплатата е направена пред изборите од 15 јули 2020 година“, стои во образложението од Управниот суд.

Дополнително, се наведува, Управниот Суд во образложението истакнува дека согласно член 9 став 1 од Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 Јули 2020 година (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.160/2020 од 15.06.2020 година) од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила па се до денот на престанокот на траењето на вонредната состојба не се применуваат членовите 8-а, 75-г, 75-д и 84-а од Изборниот законик, како и членот 34 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

„Целта на извршување на договорите, образложува Управниот суд, е пред сѐ давање помош на тие кои им е потребна, финансова поддршка заради постоење на светска криза заради пандемијата од КОВИД-19 за што биле приложени докази дека се испочитувани сите процедури од страна на Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, а датата на исплатата не е спорна за судот, односно пораното исплаќање значи побрза финансова помош во условите на пандемијата“, стои во соопштението од Генералниот секретаријат на Владата.

Поврзани содржини