УПРАВНИОТ СУД А НЕ ДИК ПРИФАТИЛ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА БЕЗ ПЕЧАТ Изборите ќе се одвиваат по старото упатство

Измената, како што објасни претседателот на ДИК била направена по пресуда на Управниот суд, според која ливчињата кои биле без печат ги прогласил за важешки затоа што волјата на граѓаните била јасно изразена.

769

Печатот на гласачките личиња е задолжителен, но по пресуда на Управниот суд во првиот круг од локалните избори за важечки биле прогласени и ливчиња кои немале печат, но граѓаните го оствавриле своето гласачко право, рече Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија на денешната седница.

Државната изборна комисија ја поништи предложената измена на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња во пресрет на вториот круг од локалните избори.






– Со вчерашното Упатство во ниту еден од наведените членови на Изборниот законик не е направен прекршок. Исто така укажуваме дека на самото гласачко ливче е испечатен бројот на гласачко место каде што припаѓа ливчето со што се спречува и каква било друга манипулација – рече Даштевски.

Даштевски на денешната седница на ДИК, објасни зошто Комисијата вчера направи измена на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, која предизвика многу реакции, но поттикна и сомнежи и забелешки дека е постапено спротивно на законот што може да фрли дамка на изборниот процес.

– Нагласувам дека избирачките одбори доследно треба да ја почитуваат одредбата од член 109 став 2 од Изборниот законик и задолжително да стават печат на местото одредено за ставање печат. Секој пропуст во овој дел ќе се третира како пропуст во постапката и доколку се утврди несоодветно работење на избирачкиот одбор односно непочитување на кој било дел од постапката, а особено на член 109 став 2 од Изборниот законик ќе биде предмет на покренување на кривична постапка – рече Даштевски.

ДИК, претходно ги извести избирачките одбори задолжително да постапуваат според членот 109 став (2) и да ставаат печат на секое гласачко ливче, но доколку има ливчиња без ставен печат, за таквите да постапат согласно член 115, а во врска со член 110 од Изборниот законик и таквите ливчиња да бидат важечки доколку волјата на гласачот е јасно изразена.

Членот 109 став 2 од Изборниот законик вели дека „гласачкото ливче се откинува од кочанот на блокот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и потоа му се дава на избирачот“.

Измената, како што објасни претседателот на ДИК била направена по пресуда на Управниот суд, според која ливчињата кои биле без печат ги прогласил за важешки, а  на едно избирачко место во Шуто Оризари ќе има прегласување.

– Сите членови на ДИК стоиме зад ова што го кажа претседателот. Само сакаме да нагласаме дека оваа новонастаната ситуација не произлесе од ДИК, туку од пресудата на Управниот суд. Одговорност не сноси ДИК – рече Борис Кондарко, член на ДИК.

Напротив, додаде Кондарко, ДИК и денеска и вчера повика, укажа и побара од избирачките одбори да ставаат печати на гласачките ливчиња.

Предложената измена, која сега е поништена, предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен пропуст од страна на избирачкиот одбор. Во оваа ситуација за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат.

Втор круг од локалните избори ќе има во 44 општина, а освен во Шуто Оризари, прегласување ќе има и на едно избрачко место во Дебар.

Поврзани содржини