УПРАВАТА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ЌЕ ПОСТАПИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО КУЌАТА НА ВЛАДО МАЛЕСКИ Министерството за култура и туризам е во координација со сите надлежни
При увидот се констатирани значителни оштетувања– рушење на јужниот калкански ѕид и дел од кровната конструкција, настанати при ископ за изградба на соседен објект. НУ Завод и музеј – Охрид го достави наодот и предлогот до Управата за заштита на културното наследство – Скопје за натамошно постапување, соопшти Министерството за култура и туризам велејќи дека министерот е во координација со сите надлежни институции за преземање мерки.
Министерството за култура и туризам се огласи за случајот со разрушениот ѕид од куќата на првоборецот Владо Малески Министерството информира дека министерот Зоран Љутков е во координација со надлежните институции за преземање на соодветни мерки.
„Стручните лица при НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид веднаш извршија увид на објектот, кој се наоѓа во Првата зона на Струга, со посебен режим на заштита согласно Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план 2020–2029.
При увидот се констатирани значителни оштетувања– рушење на јужниот калкански ѕид и дел од кровната конструкција, настанати при ископ за изградба на соседен објект.
НУ Завод и музеј – Охрид го достави наодот и предлогот до Управата за заштита на културното наследство – Скопје за натамошно постапување.
Инспекциската служба при УЗКН ќе постапи согласно своите надлежности, со цел заштита и зачувување на вредностите на овој споменик на културата заштитен со Решение на Управата за заштита на културното наследство од 2017 година.
Министерството за култура и туризам остро реагира на секое неодговорно и несовесно постапување што доведува до оштетување на заштитени објекти и апелира до сите инвеститори и граѓани да се придржуваат кон законските процедури и кон условите за заштита на културното наследство, кое претставува непроценливо богатство на нашата држава“, соопшти Министерството.