Управата за извршување санкции застана во одбрана на „тиктокерката“ од затворот во Битола
Во соопштението е наведено дека Управата за изршување санкции ги испитала околностите и утврдила дека фотографиите се направени на 20 мај кога во затворот во Битола на јавен настан се промовирало завршувањето на реконструкцијата на оваа установа.
Управата за извршување на санкции, орган во состав на Министерството за правда, денеска излезе во одбрана на вработената во затворот во Битола, Елена Кромидаровска, која на социјалната мрежа Тик-Ток објави видео со фотографии на кои се гледа како позира во службените простории на оваа казнено-поправна установа.
Во соопштението е наведено дека Управата за изршување санкции ги испитала околностите и утврдила дека фотографиите се направени на 20 мај кога во затворот во Битола на јавен настан се промовирало завршувањето на реконструкцијата на оваа установа.
„Управата за извршување на санкции – орган во состав на Министерството за правда, одлучи да се обрати до медиумите откако во текот на вчерашниот ден на некои од медиумите беа објавени фотографии од приватен профил на вработена во казнено-поправната установа Затвор – Битола, на кои во позадина им е монтирана и музика, а кон фотографиите следуваат коментари кои ја извртуваат вистината. Управата за извршување санкции ги испита околностите и утврди дека фотографиите се направени на 20 мај кога во Затворот – Битола на јавен настан се промовираше завршувањето на реконструкцијата на оваа установа со присуство на новинари и фоторепортери кои го фотографираа ентериерот и екстериерот на затворот и притоа се фотографираа и присутните, но сето тоа се случуваше во празни простории, бидејќи во затворот сè уште нема осудени и притворени лица“, наведено е во соопштението од Управата за извршување санкции.
Видеото со фотографиите и музиката можете да го погледнете ТУКА.