УПИШАЛ ЛАЖЕН БРАК МЕЃУ АЛБАНЕЦ И УНГАРКА Матичар во книгата запишал венчавка што никогаш не се случила

Матичар од Слупчане осомничен дека фалсификувал упис на брак меѓу странцил, полицијата открила дека брачниот пар воопшто не постои.

841

Полицијата поднесе кривична пријава против 65-годишниот И.З. од село Слупчане, општина Липково, кој е осомничен дека злоупотребил службена положба и овластување. Според информациите од СВР Куманово, осомничениот во текот на 2023 година незаконски извршил упис на непостоечки брак во книгата за венчани, прикажувајќи дека се венчале лице од Албанија и лице од Унгарија.

Од полициската истрага било утврдено дека во книгата на пописни акти за 2023 година нема заведено никакво барање за издавање на извод од матична книга на венчани за овие лица, што укажува дека уписот бил извршен без законска основа.






„СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З. (65) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ‘злоупотреба на службена положба и овластување’. Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, ваквите злоупотреби го поткопуваат интегритетот на институциите и можат да се користат за нелегално стекнување на документи и државјанства.

Поврзани содржини