Љупчо Златев не се дава: За правдата и за Македонија можете слободно да ме ставите во затвор!

2,748

Љупчо Златев, главен уредник на порталот Економски лидер, реагира на веста дека Основното јавно обвинителство ќе поднесе обвинение затоа што објавил злоупотреба во Управата за безбедност и контраразознавање.

„Јас објавив дека само поради тоа што еден татко одел на протести против промената на името, синот изгубил безбедносен сертификат и поради тоа изгубил можност да работи во Агенцијата за национална безбедност. Оваа конструкција на УБК е класичен удар кон политичките слободи на граѓаните, огромен јавен интерес, и поради тоа ги објавив документите кои ми ги достави свиркач. Доколку сега добијам слични документи, без да размислувам ќе ги објавам! Делото можам да го повторам веднаш, бидејќи слободата и демократијата ми се поважни од било која уредба!“, пишува Златев.






„Независно дали злосторникот Заев ќе ми ги прати насилниците на неговиот партнер Сашо Мијалков или ќе ми ги прати обвинителите – додава уредникот – јас за она во што верувам подготвен сум ако е потребно и да стојам сам. Правдата ќе ја барам, ако треба и до Стразбур, ако треба и од затвор ќе се борам против ова тоталитарно зло! Секоја борба, ако е единствено само за правда, правдина, права и вистина е оправдана. Затоа и жртвите се оправдани. Знај, ако си на страна на вистината, без задни намери – венецот ќе го добиеш!“.

 

Поврзани содржини