ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ВРШИ МАСОВЕН ПОТКУП НА ГЛАСАЧИ Распишал оглас за вработување на 38 лица додека владата била во оставка
Со огласот објавен на веб-страницата на Министерството за земјоделство се бараат помлади соработници, референти, како и советници за сите подрачни единици.
Масовен поткуп се случува од страна на министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој на 27 јануари распишал оглас за вработување на определено време на една година за 38 лица, иако на 25 јануари ја депонирал својата оставка на функцијата, како и сите други министри од техничката влада.
Ова не би било ништо невообичаено ако не се знае дека еден ден претходно владата си даде оставка за да се избере техничката. Веќе на 28 јануари, еден ден по огласот на Николовски се избра техничката влада.
Но, за Николовски тоа не било проблем и објавил оглас дека бара 38 помлади соработници, референти, како и советници за сите подрачни единици. Ова е објавено и на веб-страницата на Министерството за земјоделство.