ЉУПЧО КОЦЕВСКИ ОСТАНУВА САМ ВО ТРКАТА ЗА РЕПУБЛИЧКИ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Фатиме Фетаи не доставила потврда за деловна способност

Советот на јавни обвинители оценил дека обвинителката Лидија Раичевиќ нема организациски способности да ја наследи функцијата на Љубомир Јовески.

697

Љупчо Коцевски е единствениот кандидат за републички јавен обвинител што доби позитивно мислење и пофалби од Советот на јавни обвинители.

Фатиме Фетаи не доставила потврда за деловна способност, а за обвинителката Лидија Раичевиќ е оценето дека нема организациски способности да ја наследи функцијата на Љубомир Јовески.






Љупчо Коцевски во 2002 година премина од Јавното обвинителство во Гостивар во Републичкото јавно обвинителство.

Обвинителката Раичевиќ за телевизија Алфа изјавила не се чуствува разочарана и дека ја почитува одлуката, но се надева дека зад негативното мислење стојат аргументи.

Фетаи била практично „дискфалификувана“ од трката, затоа што не доставила потврда за деловна способност, па Советот на јавни обвинители вооппшто не се произнел за нејзината кандидатура. Поранешната обвинителка во СЈО сега бара Советот да ја преиспита својата одлука, со образложение дека познавањето на македонскиот јазик и уверение за деловна способност се општи услови, за кои се подразбира дека ги исполнуваат сите избрани обвинители.

Сега за ова прашање ќе се изјасни Владата, која најверојатно ќе го предложи Коцевски, како единствен кандидат со позитивно мислење. Потоа за предлогот ќе се изјасни Собранието, со двотретинско и со Бадентерово мнозинство.

 

Поврзани содржини