🎥 „ЉУПЧО КОЦЕВСКИ Е ПОСЛУШНИК НА СДСМ“ Тој спроведува класично беззаконие, тврди пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека Јавниот обвинител Коцевски имал неколку месеци да покаже дека може да работи по закон, но тој го покажал спротивното.

212

„Граѓаните со право се разочарани од обвинителството и судството. Љупчо Коцевски, како шеф на Јавното обвинителство, целосно се фрли во заштита на поранешните функционери на СДСМ и на нивни блиски лица. Коцевски со месеци ги штити и Обвинителството го претвора во нивна испостава. МВР и другите институции покренаа десетици постапки, а реализацијата од ЈО е рамна на нула. Иако имаше шанса од неколку месеци да покаже дека може да работи по закон, тој продолжи да биде послушник на СДСМ“.

Ова на прес-конференција го изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.






–  Дека ЈО не работи како што треба и какви што се очекувањата, говори и последниот извештај на Транспаренси, во кој дури 4 точки се однесуваат на состојбите во Oбвинителството и во судството. Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО, не направи ништо да се зголеми ефикасноста во постапките. Дополнително, Љупчо Коцевски спроведуваше класично незаконие, како последното поставување на вршител на должност шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во Законот за јавното обвинителство – нагласи Петрушевски.

Поврзани содржини