Љупчо Димовски е новиот претседател на СПМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, партија со која СПМ е во коалиција, му го честиташе на Димовски изборот за претседател на партијата.

544

Љупчо Димовски, пратеник и досегашен генерален секретар на партијата е новиот претседател на Социјалистичката партија на Македонија.

Димовски бил избран едногласно од делегатите на деветтиот Конгрес на партијата што се одржа во Кратово. Неговиот избор следува по смртта на Љубисав Иванов Ѕинго кој до крајот на животот беше претседател на СПМ, цели 25 години.






Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, партија со која СПМ е во коалиција, му го честиташе на Димовски изборот за претседател на партијата.

– Честитки за изборот на Љупчо Димовски за прв човек на СПМ. Вистинско решение. Чесен и искрен човек кој ја сака и покажа како се бори за Македонија и покрај сите напади и бури! Љубац, пријателе, заедно да го победиме ова зло и да се избориме за Македонија, до самиот крај! – напиша Мицкоски.

Поврзани содржини