Владата на денешната седница го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28 јуни годинава. Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 јуни 2021 година.
Како што соопшти владината прес-служба, на банките им се препорачува преку нивните филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата.