УНИВЕРЗУМОТ Е САМО ЕДЕН ГОЛЕМ АЛГОРИТАМ Можеме ли да го испрограмираме? (ВИДЕО)

За некој да ја разобличи оваа теза за нервните мрежи, ќе треба прво да најде една појава во природата која не може да се моделира на компјутер со ваков алгоритам. Бидејќи, ваквите структури како „нервни мрежи“ ги има токму во природата, кај животните, кај растенијата, кај разните биолошки процеси, но и кај субатомските честички.

699

Универзумот може да биде заменет со обичен алгоритам од вештачка интелегенција, објави научникот Виталиј Ванчурин од Минесота и ги стаписа физичарите низ светот. Дрска е идејата дека симулација која го имитира нашиот мозок, популарно наречена „нервна мрежа“ може да е основата за целиот универзум, за нашата „Теорија на сѐ “, пишува статија на Resonance Science Foundation.

И Ајнштајн и Планк можат да бидат „симулирани“






Познато  е дека вештачката интелигенција учи сама од себе преку „машинско учење“…но, она што никој не го предвиде е дека ова учење, кое ја има структурата на „нервна мрежа“ буквално може да биде основа за сите процеси и закони во универзумот. Од малото, квантното, до најголемото, до движењето на планетите и цели кластери, што значи да ги обедини Квантната(на Макс Планк) и Теоријата на релативност(на Ајнштајн), проблем кој мометално им прави големи главоболки на физичарите.

Саморастечка мрежа која симулира сѐ

Што предлага Виталиј Ванчурин во својот труд и интервју за Футуризам? Тој ги истражувал нервните мрежи и видел дека нивната комплексна динамика е слична на онаа во квантниот свет на честички. Ако почнеме да симулираме мал модел од неколку неврони, тој се зголемува и при тоа го имитира балансот на сложен квантен систем. Но, растејќи, како течност, овој систем може да имитира и феномени и законитости од поголем размер – како движењето на небесни тела, влегувајќи во Теоријата на релативност. Системот е доволно флуиден да „приближно“ имитира многу различни закони од физиката, објаснува Ванчурин.

фото: pixabay.com                                                                                                                                                                                                                    Кој ги набљудува наблљудувачите?

Долго време во физиката се смета дека Квантната теорија ѝ предничи на Релативноста. Посложена е, и логично е прво да се создале помалите честици, па од нив сѐ друго поголемо. Но, самата квантна теорија го има „проблемот на набљудувачот“.

Кога научниците прават експеримент со мали квантни честици, во експериментот секогаш се мешаат честици од самиот научник( најчесто фотони) кои прават резултатот на експериментот да биде под влијание на оној кој го прави. Со други зборови, уште немаме објективен експеримент во квантната физика. Освен, ако не го послушаме Ванчурин.

Нема набљудувач, само симулација

Нервните мрежи на Ванчурин го решаваат овој проблем. Таму нема набљудувач, туку мрежата постои многу пред набљудувачот и пред сите овие теории – кои произлегуваат од неа, со нејзино растење и вмрежување. Затоа, на Ванчурин му се потребни само варијабли за да ја одреди состојбата на одделните неврони во мрежата, која може да се третира како матрица со вектори, како во математиката. Секој неврон е сврзан со секој друг, па системот функционира.

фото: pixabay.com

Кој ќе покаже дека Ванчурин не е во право?

Повеќето „теории на сѐ“, досега беа лесно демистифицирани. Но, не и таа на Ванчурин. За некој да ја разобличи оваа теза за нервните мрежи, ќе треба прво да најде една појава во природата која не може да се моделира со ваков алгоритам. Бидејќи, ваквите структури како „нервни мрежи“ ги има токму во природата, кај животните, растенијата, кај разните биолошки процеси.

Дарвиновата селекција е „нервна мрежа“

Во своето интервју за Футуризам, Ванчурин опишува како оваа теорија ќе се врзе со биологијата, конкретно со Дарвиновата селекција. На кратко, тој вели дека природната селекција не започнала со живи организами, туку таа веројатно дошла многу порано, уште кај квантните честички каде селекцијата бирала која субатомска честичка ќе преживее и како ќе „мутира“ во следна честичка. Понатаму, кога целиот систем би бил доволно топлински урамнотежен, би се јавил животот, животните и растенијата и  цела онаа приказна со рибата која станала човек.

 

Поврзани содржини