Универзитетската клиника изврши стручен надзор во Педијатриската болница на „Аџибадем Систина“

679

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ информира дека вчера во Педијатриската болница на нивната Клиника е извршен стручен надзор од Универзитетската клиника за детски болести.

– Посетата се иницираше по информацијата за последните случаи на деца со тешки постковид компликации кои беа третирани во Клиничката Болница ,,Аџибадем Систина’’. Колегите од државната Универзитетска клиника за детски болести и од Педијатриската Болница на ,,Аџибадем Систина’’ ги разменија и споделија своите искуства за овој тип на компликации и начин на третирање кај децата. Со оглед на тоа дека манифестација на вирусот е непредвидлива сметаме дека овие состаноци се правилниот начин за споделување на информациите и веруваме дека сознанијата изнесени од двете страни на овој конструктивен состанок позитивно ќе придонесат во понатамошниот третман на децата кај кои се појавува ваков тип на постковид компликации – соопшти „Аџибадем Систина“.

Поврзани содржини