Универзитетот во Кембриџ наесен почнува со клинички испитувања на вакцина против ковид-19

212

 Универзитетот во Кембриџ планира наесен да ги започне клиничките испитувања за својата потенцијална вакцина против ковид-19, откако за тој проект доби 1,9 милиони фунти од британска Влада.

За време на развојот на вакцината, научниците од Кембриџ ги користеле генетските секвенци на сите познати типови коронавирус за подобрување на имунолошкиот одговор во човечкото тело, за што, според нив, може да се избегне негативниот ефект на хиперинфламаторниот имунолошки одговор.

„Нашата крајна цел е да развиеме вакцина која ќе штити не само од САРС-КоВ-2, туку и од други сродни коронавируси кои можат да се шират кај луѓето од животни“, рече еден од научниците вклучен во развојот на потенцијалната вакцина. 

Поврзани содржини