УНИВЕРЗИТЕТОТ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ Е ЕДЕН ОД СТОЛБОВИТЕ НА ДРЖАВНОСТА Премиерот го честиташе денот на сесловенските просветители
Така е кодифициран и книжевниот црковнословенски јазик, во чија основа лежи македонскиот словенски говор од околината на Солун, вели Ковачевски во посебна честитка до МПЦ-ОА.
„Овој наш прв државен универзитет во земјава, еден од столбовите на македонската државност, продолжувач на просветителското дело на светите браќа Кирил и Методиј и нивните наследници, втемелени во создавањето на македонската писменост бил, е, и останува да биде стожер на културнообразовната и научната мисла и патоказ за развитокот на нашата држава.
Вака стои во честитката на премиерот Димитар Ковачевски по повод денешниот Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.
„Низ заедничката соработка, достоинствено го заштитивме нашиот македонски јазик и го поставивме на еднакво рамниште со официјалните јазици во Европската Унија“, вели премиерот.
Ковачевски упати честитка и до МПЦ-ОА.
„Празникот 24 Мај секоја година го осветлува епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј како создатели на првото словенско писмо – глаголицата во коешто се наоѓаат корените и на македонската писменост и како христијански рамноапостоли и сесловенски просветители, кои успеваат да ја разбијат тогашната тријазична догма и да ја издигнат словенската култура на рамноправно рамниште со трите други култури во тоа време во Европа.
Така е кодифициран и книжевниот црковнословенски јазик, во чија основа лежи македонскиот словенски говор од околината на Солун”, вели Ковачевски.