UNITED MEDIA ЈА НОСИ МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА EMMY ВО ДУБРОВНИК Нова ТВ домаќин на полуфиналниот избор
United Media е регионален лидер во продукцијата кој остварува значителен пробој на глобално ниво со повеќе од 40.000 часа оригинална содржина на преку 50 телевизиски канали, допирајќи до пазар од над 40 милиони луѓе секоја година.
Nova TВ, за прв пат во регионот, е домаќин на полуфиналниот круг на жирито на престижната меѓународна награда Emmy®.
United Media, медиумска подружница на United Group која е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, избрана е од страна на Интернационалната академија за телевизиска уметност и наука да биде дел од процесот на селекција за меѓународната награда Emmy®.
Процесот на селекција за наградата Emmy® е долга процедура за време на која членовите на жирито се состануваат на различни локации ширум светот. Конечните номинации за вкупно 15 категории ќе бидат објавени во септември, а победниците ќе бидат откриени на 50-тата меѓународна церемонија на доделување на награди на 21 ноември во Њујорк.
За прв пат во регионот, Nova TВ, која е дел од United Media, ќе биде домаќин на полуфиналниот избор во една од категориите на 14 септември во Дубровник.
– Учеството на нашата компанија во процесот на селекција на кандидатите за меѓународната награда Emmy® е големо признание за нашата стручност во оваа област и уште еднаш ја потврдува нашата лидерска позиција во медиумскиот пазар на Југоисточна Европа. Како една од водечките компании во оваа област на сите пазари негуваме исклучителна креативност, високи продукциски стандарди и постојано инвестираме во телевизиски содржини со врвен квалитет – изјави извршната директорка на United Media Aлександра Суботиќ.
– Да се биде лидер, во динамична индустрија која постојано и брзо се менува, е голема одговорност. За нас учеството во процесот на селекција на меѓународната награда Emmy® е потврда дека нашиот придонес е меѓународно препознаен – рече Дражен Мавриќ, извршен директор на Nova ТВ, најгледаниот хрватски канал.
– Почестени сме од поканата на Академијата United Media да одигра важна улога во овој престижен натпревар. Воодушевени сме што можеме да бидеме домаќини на врвните меѓународни и регионални професионалци, спојувајќи ги талентот и стручноста во прекрасниот Дубровник – изјави Викторија Боклаг, главна извршна директорка и потпретседателка за маркетинг и медиуми на United Group и член на Академијата за телевизиски уметности и науки.
United Media е регионален лидер во продукцијата кој остварува значителен пробој на глобално ниво со повеќе од 40.000 часа оригинална содржина на преку 50 телевизиски канали, допирајќи до пазар од над 40 милиони луѓе секоја година.