📽 УНИШТЕНИ КУЌИ И ПАТИШТА ПО НЕВРЕМЕТО ВО ГРЦИЈА Два града уште се на штрек

Поради силните ветрови и врнежите, оштетени се многу инфраструктури, куќи и патишта. Патиштата се претворија во реки, поплавени се бројни куќи и продавници, а некои места целосно покриени со кал.

170

Невремето Бора кои ги зафати Халкидики во Грција направи материјални штети, а наскоро ќе започнат проценките за обешета, пренесуваат грчките медиуми. Реката во Халисос е натаму е надојдена, сугерираат снимките на АНТ1.

Во Родос и во Лемнос е прогласена вонредна состојба. Училиштата се затворени. Противпожарните служби, и Јужноегејскиот регион и општина Родос остануваат спремни за справување со проблемот.

 






Поради силните ветрови и врнежите, оштетени се многу инфраструктури, куќи и патишта. Патиштата се претворија во реки, поплавени се бројни куќи и продавници, а некои места целосно покриени со кал.

Маж чиј идентитет не е соопштен починал во Ситонија, Халкидики, откако неговиот автомобил влетал во канал и останал таму со часови, човекот бил беспомошен, а на крајот починал од хипотермија, јавуваат грчките медиуми.

Несреќниот маж, кој е една од трите регистрирани жртви на невремето „Бора“ што ја зафати Грција, прогласен е за починат утринава кога бил пренесен во болница, јавува Parapolitika.gr.

 

Локален жител го пронашол човекот жив. Како што изјави тој, човекот му кажал дека автомобилот се излизгал и излетал од патот. Мештанинот го однел дома, но бидејќи несреќникот се чувствувал лошо повикал брза помош. Подоцна мажот починал од хипотермија на пат кон болницата.

Главниот пат на Ситонија на повеќе места беше непристапен поради одрони и дрвја кои паднаа на коловозот. Во Торони беа поплавени околу 200 куќи, а противпожарната служба во текот на претходната ноќ спаси 17 лица. Во меѓувреме, мостот кај Торони се урна, поради што сообраќајот беше запрен, а возачите мораа да го заобиколат полуостровот.

 

Поврзани содржини