УНИШТЕНИ 37 ТОНИ ХРАНА, ИНСПЕКТОРИТЕ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Глоби и времена забрана за оператор
Според написот, на операторот му е изречена времена забрана за работа и глоба, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот. АХВ неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници, маркети.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години.
Ова го соопшти Агенцијата, давајќи детали за сторениот прекршок. Според написот, на операторот му е изречена времена забрана за работа и глоба, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот.
„АХВ неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници, маркети, за што заради утврдени недоследности (нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителени обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично), на операторите со храна и на нивните одговорни лица им изрече парични казни, но и времени забрани за вршење на дејност. Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништенa“, велат од Агенцијата.