УНИШТЕН МУРАЛОТ НА ГЕНЕРАЛОТ РАТКО МЛАДИЌ Фрлена кофа со вар на графитот во центарот на Белград (ВИДЕО)
Активистката Аида Ќоровиќ вчера беше приведена откако на муралот фрлаше со јајца, но набрзо беше ослободена. Неа ја поддржаа претставници на невладини организации, но и членови на опозициски политички партии … тие планирале да го прекречат муралот, а очигледно утринава некој друг успеал.
Во улицата Његошева во Белград е уништен мурал посветен на Ратко Младиќ, пишува Мондо. Муралот е уништен со фрлање кофа со вар врз ликот на некогашниот командант на Војската на Република Српска. Уште вчера, активисти и граѓани се собраа пред муралот и протестираа и покрај забраната за собирање заради коронавирусот, а полициски кордон мораше да ги растерува.
Активистката Аида Ќоровиќ беше приведена откако на муралот фрлаше со јајца, но набрзо беше ослободена. Неа ја поддржаа претставници на невладини организации, но и членови на опозициски политички партии … тие планирале да го прекречат муралот, а очигледно утринава некој друг успеал.

Да се потсетиме, муралот со ликот на Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор во Хаг, летово беше насликан на аголот на улиците Његошева и Алекса Ненадовиќ. Вака изгледаше муралот пред да биде уништен.