УНИКАТНО СПАСУВАЊЕ ВО НОРВЕШКА Камион и автомобил заглавија на скршен мост, возачите кренати со хеликоптер (ВИДЕО)
Мостот долг 148 метри последен пат бил проверуван лани од инспекциските служби. Норвешката управа за јавни патишта побара да се изврши независна истрага за случајот.
Неверојатна работа на спасувачите во Норвешка, кои со хеликоптер на сајла успеаја да ги кренат возачите на еден камион и на еден автомобил кои заглавиле на дрвен мост кој се урнал додека возеле. Автомобилот, мерцедес џип, заглавил во долните даски речиси целосно влезен брзата река, а камионот се тетарави во горниот дел од рушевините меѓу дрвените греди. И двајцата возачи не се повредени.
Мостот долг 148 метри последен пат бил проверуван лани од инспекциските служби. Норвешката управа за јавни патишта побара да се изврши независна истрага за случајот.