УНИЈАТА МОРА ДА ЈА НАМАЛИ ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГАС Фон дер Лајен апелира на европската солидарност

Изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен уследи по критиките од Шпанија и од Португалија за предложениот план за намалување на потрошувачката на гас предложен од Комисијата.

133

Европските земји кои не зависат од рускиот гас мора да покажат солидарност со оние кои се принудени да вложат напори за штедење поради претстојните намалувања на снабдувањето, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Дури и земјите-членки кои ретко купуваат руски гас не можат да ги избегнат ефектите од потенцијалниот прекин на снабдувањето на нашиот внатрешен пазар – рече Фон дер Лајен за ДПА пред специјалниот состанок на министрите за енергија на Унијата закажан за вторник.






Таа додаде дека економиите на ЕУ се тесно испреплетени, нагласувајќи дека гасната криза во некоја форма ќе влијае на секоја земја-членка.

– Затоа е важно сите земји-членки да ја зауздаат ​​побарувачката, да складираат повеќе и да споделуваат со оние членки кои се повеќе погодени – рече Фон дер Лајен.

Нејзината изјава уследи по критиките од Шпанија и Португалија за предложениот план за намалување на потрошувачката на гас предложен од ЕК.

Поврзани содржини